
Министерот за внатрешни работи на Република Српска: Никој нема да биде уапсен
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Март 2025

Министерот за внатрешни работи на Република Српска (РС) Синиша Каран денеска изјави дека главната задача на МУП на РС е да го заштити уставниот поредок, нагласувајќи дека никој нема да биде уапсен.
„Задачата на МУП е да го заштити уставниот поредок, неговите уставни институции, претставниците на сите институции и сите нејзини граѓани. Таа задача ќе биде исполнета до крај“, изјави Каран за Алтернативната телевизија Бања Лука (ATV).
Тој додаде дека Националното собрание на РС усвои закони, кои ја претставуваат „рамката на МУП на РС“.
„Во овие закони стои дека Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина, Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) и Високиот судски и обвинителски совет, се противуставни институции и им е забрането да работат на територијата на РС. Ова е рамката на дејствувањето на МУП“, рече Каран.
Според него, овие институции „не можат, нема и не смеат да работат на територијата на РС“.
Никој нема да биде уапсен и сите ќе бидат заштитени“, заклучил Каран.
Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска издаде наредба за приведување на Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, со цел да бидат сослушани поради сомнение дека сториле кривично дело „напаѓање на уставниот поредок“.
Правосудната полиција на Босна и Херцеговина издала наредба до Министерството за внатрешни работи на РС и Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина да помогнат во апсењето на Додик, Вишковиќ и Стевандиќ
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
