Хамас: Не ја затворивме вратата за преговори

Официјалниот претставник на Хамас, Тахер ал-Ноно, изјави дека групата не ја затворила вратата за преговори и покрај континуираното израелско бомбардирање на Појасот Газа.

 

„Хамас не ја затвори вратата за преговори, но ние инсистираме дека нема потреба од нови договори“, рече Ал-Ноно, пренесе „Ал џезира“.

 

Тој нагласи дека веќе има потпишан договор со меѓународни гаранции, како и резолуција на Советот за безбедност на ОН.

 

„Ние одговоривме позитивно на сите напори насочени кон нас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е тој што го напушти договорот и го игнорира. Затоа притисокот треба да биде врз Нетанјаху, а не врз Хамас или палестинскиот отпор“, рече тој.

 

Тој оцени и дека израелските сили „немаат оправдување за своите постапки ниту сега ниту во минатото“.

 

„Тие продолжуваат да го кршат договорот што го потпишаа“, заклучува Ал-Ноно, пренесува „Танјуг“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.