
„Сам нека си ги одгледува кокошките“: кинеските социјални мрежи преполни со пораки против Трамп
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 09 Април 2025

Додека Кина се подготвува за царини од 104 отсто на голем дел од извозот во Америка, на кинеските социјални мрежи расте незадоволството од политиката на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Утрово повеќе од половина од најпопуларните теми на социјалната мрежа „Веибо“, кинескиот еквивалент на Твитер, беа за САД или царините.
Најпопуларниот хаштаг, кој собра повеќе од 15.000 коментари, потекнува од државната телевизија CCTV и гласи: „САД водат трговска војна додека бараат повеќе јајца“. Во своето соопштение, радиодифузерот рече дека САД бараат зголемен увоз на јајца од земјите на Европската унија за да се справи со недостигот на домашниот пазар – истовремено воведувајќи царини за истиот блок.
„Зарем Трамп не сака да работи се сам? Тогаш сам нека си ги одгледува кокошките! вели најлајкуваниот коментар на Веибо, пренесува Би-би-си.
Во исто време, многу најави го повторуваат официјалниот наратив на кинеските власти дека Кина ќе се бори до крај.
„Ова е финансиска војна без чад. Не смееме да бидеме кукавици. Треба да се бориме со Трамп до крај и да му ја покажеме силата на кинескиот народ“, гласи уште една од најпопуларните објави, пренесува медиумот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
