Ергодан: ЕУ да ги охрабри руско-украинските преговори без поставување услови

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Тирана ја повика Европа да ги охрабри преговорите меѓу Украина и Русија без поставување услови, како и да покаже интерес за страдањата на Палестинците во Појасот Газа.

 

Говорејќи на самитот на Европската политичка заедница, тој рече дека Турција прави се што може во врска со тековните руско-украински преговори во Истанбул, додавајќи дека се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

Зборувајќи за Газа, Ердоган ги повика европските земји да ја покажат потребната волја и интерес да помогнат во воспоставувањето на прекин на огнот.

 

– Во Газа веќе 20 месеци се случува катастрофа без преседан. Мораме да кажеме стоп за ова, мораме да кажеме доста е. Агресивниот став на Нетанјаху го загрозува целиот наш регион и луѓето од различни вери. Очекуваме Европа да го покаже потребниот интерес. Рамнодушноста на Европа кон гладот ​​на луѓето во Газа е некомпатибилна со хуманоста – рече тој.

 

Турскиот претседател истакна дека ЕУ треба да ги преиспита шенгенските визни практики за да ја поттикне економската и социјалната мобилност, истовремено пофалувајќи ги новите европски одбранбени инвестиции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.