Калас: Не видовме притисок од САД врз Русија во преговорите за Украина

 

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес објави дека Брисел не го видел притисокот на САД врз Русија во преговорите за Украина.

 

„Минатата недела ги слушнавме САД како велат дека ако Русија не се согласи на целосно и безусловно примирје, ќе има последици за Русија. Затоа сакаме да ги видиме тие последици од САД. Знаете, навистина не видовме никаков притисок врз Русија во овие разговори“, рече Калас пред состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ во Брисел.

 

Министрите за надворешни работи и одбрана на земјите членки на Европската Унија денес се среќаваат во Брисел, а на состаноците ќе се разговара за конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, како и за одбранбените капацитети на Унијата, пренесува „Танјуг“.

 

Шефовите на дипломатиите ќе разговараат за 17-тиот пакет-санкции на ЕУ против Москва поради руската војна во Украина, а во фокусот на дискусијата ќе биде таканаречената руска флота во сенка, беше наведено на официјалната веб-страница на Европскиот совет.

 

Советот ќе ја разгледа воената поддршка на ЕУ за Украина по неформалната презентација на министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров, преку видеврска, во присуство на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.