Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, Македонија добива историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток, делегација предводена од вицепремиерот Николоски ќе биде потпишан во Лондон.

 

“Една од одлуките на седница е Владата на Република Македонија да го прифати Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетето Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно Договорот Влада со Влада.
Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.
Првичната група на проекти се веќе споменати во јавноста во делот на здрaвството и во делот на транспортот. Исто така многу значајно за мене е да се разменуваат знаења и практики користејќи експертиза од Владата на Обединетото Кралство и од британски деловни субјекти за подршка на реализација на проекти но исто така и на трансформација на јавната администрација и приватниот сектор со експертиза од бизнис заедницата од Обединетото Кралство но и од владините агенции“.

 

Најави дека ќе се разменуваат знаења во здравството, транспортот, технологијата, енергетиката и клучните критични сектори, а за изградба на капацитетите на Владата на Македонија ќе се користи експертиза од Обединетото Кралство.

 

Оваа соработка, рече НМиколоски, ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји.

 

Учесниците, како што појасни, ќе работат заедно да ги истражат можностите за мобилизирање на средства за финансирање на проекти и што е многу значајно, Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетот преку Инструмнтот за финансирање на извозот или УКЕФ, со што става на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија.

 

Нагласи дека ова ќе биде проектно финансирање и финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти.

 

„Ова е рамка која не значи дека целосно ќе се искористи но е рамка што е располагање и која што можеме да ја користиме.

 

Она што сум горд е што добивме и официјална покана од Владата на Обединетото Кралство и покана до мене, за да се потпише овој Договор Влада со Влада на 22 мај, тоа е овој четврток и можам да Ве информирам дека Владата ме овласти да го потпишам овој договор. Ќе предводам владина делегација која што покрај мене, ќе бидат и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, понатму министерката за образование Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски и останати соработници и мислам дека ќе имаме два плодни дена за соработка. Утре имаме средби со министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство и министерот за одбрана, имаме и средби со претставници од Инструментот за финансирање. Во четврток е главната церемонија, а исто така во четврток ќе имам средба и со директорот на Рајанер од каде што очекувам да произлезат и нови летови кон Скопје.

 

Сметам дека се работи за историски момент, за датум кој ќе остане во аналите на македонската историја, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува во македонската историја затоа што се работи за досега најобемен дооговр кој Македонија го постигнала со било која држава.
Тоа не е било која држава, тоа е втората светска сила, држава со која имаме одлична соработка во рамки на НАТО Алијансата, дел е од западната цивилизација, става на располагање најмногу средства и за мене е наважен политичкиот момент бидејќи влегуваме во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и држава која ги почитува евроатланските вредности. Исто ми е драго што Обединетото Кралство објави дека постигнале договор со ЕУ, што значи дека во еден пакет ги имаме трите клучни сојузници на Македонија, тоа е ЕУ, Обединетото Кралство и САД”- истакна вицепремиерот Николоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.