Рускиот патријарх Кирил: Подготвени сме за дијалог со новоизбраниот папа и со Ватикан

 

Рускиот патријарх Кирил изјави дека Руската православна црква е подготвена за дијалог со Ватикан и со новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти за заштита на традиционалните вредности, воспоставување мир, заштита на христијанството, животната средина, како и за хуманитарни прашања.

 

„И покрај разликите што постојат, односите со Римокатоличката црква се одржуваат. Лав Четиринаесетти стана нов папа и ние, секако, сме подготвени за понатамошен развој на дијалогот со Ватикан“, рече рускиот патријарх, објави „РИА новости“.

 

На прием во руското Министерство за надворешни работи патријархот Кирил истакна дека Руската православна црква е подготвена да разговара со новиот поглавар на Римокатоличката црква за решавање многу прашања што се наоѓаат на глобалната агенда денес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.