Дали Путин би ризикувал да ги искористи своите подморници во предизвикување експлозии на „Северен тек“?

Три крајбрежни линии на рускиот гасовод „Северен тек“, кој ја снабдува Германија, претрпеа „невидена“ штета во понеделникот, што резултираше со големо истекување на гас под вода.

Шведските сеизмолози подоцна објавија дека регистрирале две експлозии долж трасата на гасоводот. Европските лидери во вторникот рекоа дека веруваат дека експлозиите биле „намерни“, додека некои официјални лица го обвинија за инцидентот Кремљ, сугерирајќи дека тие биле наменети како закана за континентот во услови на неуспешна руска инвазија на Украина.

И покрај военото колебање на Русија во Украина, модернизираната руска подморничка флота се смета за застрашувачка сила.

И нејзината шпионска нуклеарна подморница „Белгород“, модифициран брод од класата Оскар III управуван од Генералниот директорат за истражување на длабинско море (GUGI), е способен да ги наруши подводните комуникации, а како што пренесува „Јутарни лист“, ако може да ги попречи каблите – зошто не и цевководите?

Меѓутоа, прашањето е дали рускиот претседател Владимир Путин би ризикувал да ги искористи своите подморници за таква работа, под закана од дипломатски и други последици доколку нешто тргне наопаку.

Друга можност е дека можеби биле користени автономни подводни возила или подводни дронови кои носат експлозиви. Но, тие би морале да доаѓаат од брод, а тоа тешко дека би останало незабележано на оваа област, а што се однесува до беспилотните летала, секогаш постои можност да фрлат експлозиви на погрешно место.

Ако претпоставиме дека е користен некаков вид бомба, експлозијата не би морала да се случи директно на цевката бидејќи експлозијата се зголемува под вода, па за истото количество полнење може да се постигне многу поголем ефект под површината отколку на брегот.

Иако штетата немаше непосредно влијание врз снабдувањето со енергија на Европа – континентот претходно се сврте кон складирање залихи и алтернативни извори, па оваа епизода, како што пишува „Вашингтон пост“, најверојатно ќе го означи крајот на проектот за гасоводот „Северен тек“, што е повеќе од дводецениски напор што ја продлабочи европската зависност од рускиот гас и сега се смета за „тешка стратешка грешка“.

Двете експлозии доведоа до истекување на сите три цевководи на подводниот гасовод што ги поврзува Русија и Германија, како резултат на што на површината на данските и шведските води почнаа да излегуваат гасни меури, создавајќи „дамка“.

„ Тоа се намерни дела, а не случајност“ изјави во вторникот данската премиерка Мете Фредериксен.

Во морето истече големо количество гас, како што соопшти данската агенција за енергетика – на бродовите и авионите им беше наредено да останат најмалку пет наутички милји од овие локации. Британски „Телеграф“ истакнува дека истекувањето на гасоводи во морето е ретко и дека три истовремено укажуваат на саботажа.

Со оглед на тоа дека цевката е на длабочина од само околу 70 метри, тајното влегување на нуклеарна подморница во Балтичкото Море би било многу тешка задача, ако не и невозможна, пренесува „Јутарњи лист“. Додека нуркачите можат да оперираат на тие длабочини, морските струи може да бидат многу незгодни, а секој придружен брод – подморница или брод – најверојатно би бил забележан со оглед на густината на сообраќајот во областа.

Се вели дека руските подморници се многу добро обучени за такви операции бидејќи со децении ги усовршувале своите вештини „истражувајќи“ подводни интернет кабли долж Северниот Атлантски Океан. Подморничките сили на Советскиот Сојуз беа познати меѓу западните поморски команданти по нивната способност да се движат по морското дно со специјално дизајнирани инженерски уреди за време на Студената војна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.