Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека рускиот претседател сака да ја искористи зимата како оружје за војна.

„Да го правиме ова додека влегуваме во зима покажува дека претседателот Путин сега се обидува да ја искористи зимата како оружје за војна против Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Букурешт пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во вторник и среда, пренесува „Ројтерс“.

Столтенберг рече дека очекува НАТО да ја забрза испораката на системи за противвоздушна одбрана во Украина, пишува dpa.

„Една од пораките“ на состанокот на НАТО во Букурешт ќе биде потребата од „забрзување“ на испраќањето повеќе системи за противвоздушна одбрана, муниција и резервни делови во Украина, како и зајакнување на обуката на украинските војници, додаде тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.