Герасимовски: Ново депо на пајак-службата на 2.250 квадрати со нови куќарки, видеонадзор и контролни рампи

Новото депо на пајак-службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” – Скопје ќе започне со работа од 17 март на нова локација до улица и мост Беласица, под Железничката станица.

 

„Со новото депо значително го унапредуваме функционирањето на паркинг услугите и создадовме услови за поголема безбедност и ред во урбаната средина. Ова е уште еден чекор кон подобрување на инфраструктурата и услугите за нашите сограѓани”, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

 

Депото се простира на 2250 м² и располага со нови куќарки за вработените и опслужување на корисниците. Изведена е водоводна и електрична мрежа, а поставена е и ограда за зголемена безбедност, видео надзор и нови контролни рампи со безжично управување.

 

Директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски, посочи дека од 17 март (понеделник), сите возила подигнати од пајак-службата ќе се преземаат од новата локација.

 

,,Со ова депо ќе се подобри капацитетот и нашата оперативна ефикасност, што ќе овозможи побрзо реагирање и поголема флексибилност во секојдневното работење, истакна Коцевски





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.