
(Видео) Фустанот на Кејт Хадсон се искина на незгодно место: „Ова намерно го направив“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 14 Март 2025

Кејт Хадсон се појави на проекција и панел дискусија за серијата Running Point, во која глуми, а за таа прилика избра црн фустан со големи шлицови.
Но, во еден момент фустанот искина на левата страна.
Актерката брзо реагирала и ги покрила градите со рака и почнала да се смее. Нејзината колешка Бренда Сонг застанала пред неа за да ја заштити од љубопитните очи, а на помош и дошле и актерот Џастин Теру и модераторката Саманта Бери.
„Ова намерно го направив“, се пошегува таа, но само половина час подоцна и се случи истото, па повторно се насмеа: „Толку се возбудив“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
