Спектакуларно затворање на Денови на општина Ѓорче Петров
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 23 Септември 2024
Со спектакуларен концерт заврши одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“.
Преубава атмосфера на завршувањето на Денови на Општина Ѓорче Петров во реонскиот парк на вчерашните настани кои траеја до доцните вечерни часови. Позитивна енергија, одлична музика и насмеани лица го собраа сиот позитивен импулс од настапите на Даниел Дан, Мијата, Куку Леле и Паркети. Сите изведувачи, од Даниел Дан и Мијата до Куку Леле и Паркети, ја креираа незаборавната атмосфера, исполнета со енергични настапи и хитови кои ги разиграа присутните, претворајќи го концертот во спектакл што долго ќе се памети.
На овој вечерен концерт му претходеа неколку дневни настани кои започнаа со детскиот фестивал „Поточиња“, „Баскерфест“ и караванот „Македонијо во срце те носиме“. На радост на најмалите, Детскиот фестивал „Поточиња“ на отворената сцена собра најмногу симпатии и љубопитни погледи кај дечињата кои во еден глас како химна ги пееја сите фестивалски хитови. Познатиот уличен фестивал „Баскерфест“ го раздвижи платото пред корзото и го преполни реонскиот парк. Жонглери, кловнови и многу други интересни содржини приредија вистинско шоу за сите генерации.
Ѓорчепетровци уживаа во македонските музички бисери во интерпретација на македонските доајени Миле Кузмановски, Наум Петрески, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Мина Блажев, кои преку најубавите македонски мелодии оставија музички аманет да го зачуваме највредното што ни го оставиле генерации пред нас.
„Многу народ на едно место и програма за сите генерации, паркот беше центар на културно-забавни збиднувања каде имаше само позитивни вибрации, добра македонска музика и детски насмевки. Во изминатиот месец одржавме многу настани од областа на културата, забавата и спортот, кои беа посетени со публика од сите генерации и пренесоа порака дека на Ѓорче му недостигаат вакви настани. Општина Ѓорче како досега, ќе работи на уште поголемо подигнување на квалитетот на културата и спортот и ќе биде центар на вакви случувања во иднина“, велат од општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс