Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Граѓаните на скопската населба Аеродром имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои се потоа доставени како барање до Град Скопје за најбрзо што може да се уреди еден пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир.

Од ЦУК сметаат дека пешачки премин нема да го реши најдобро проблемот, но за тоа ги повикуваат стручните лица од сообраќајната област тоа да го решат.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов до медиумите испрати видео изјави во непосредна близина на булеварот Србија, пред новоотворениот Џевахир Мол, којшто е дел од комплексот Скај сити, што е составен од четири облакодери, а се заблагодари на Градот Скопје за брзите реакции по нивните досегашни укажувања.

Во видеото тој барањата ги поткрепува со тврдења дека поради минување на граѓаните на необележаните улици, тие се изложуваат на опасности.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.