Потресна исповед од аеродромот во Вашингтон: „Сфативме брзо што се случи, терминалот одеднаш беше тивок“
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 30 Јануари 2025
Зборовите на Марк Полонкарц, кој беше на аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон кога се урна патнички авион со 64 патници и членови на екипажот, се срцепарателни.
Тој го чекал својот лет за Бафало кога авионот паднал во река откако при слетувањето се судрил со воен хеликоптер.
Според Марк, патниците ги чекале своите летови кога виделе голем број спасувачки возила кои брзаат, низ прозорците на терминалот…
„Ништо не изгледаше чудно во тој момент. Потоа, минута или две после тоа, звучниците велеа дека сите летови се приземјени, дека нема да има полетувања или слетувања на аеродромот. Видовме зголемен број на спасувачки возила кои брзаат кон реката “, рече Полонкарц.
Тој, како и другите патници, веднаш се обидел да открие што се случува. Сите почнаа да бараат информации на интернет. Потоа виделе на социјалните мрежи дека паднал авион и почнале да кружат секакви приказни.
„Кога доцнат летовите, луѓето се лутат и вознемируваат. Но, овде никој не се лути… Мислам дека сите многу брзо ја сфативме сериозноста на она што се случи. Терминалот одеднаш беше тивок. Многумина беа тажни“, рече Марк.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс