Блокада на крстосницата кај Мавровка, поради протест на приватните превозници
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 28 Ноември 2022
Посебен сообраќаен режим утрово на бул.“Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и околните улици, поради најавениот протест на приватните превозници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
На крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ во 07 часот протест најавија приватните превозници кои се дел од јавниот автобуски превоз во главниот град.
Според најавите на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и со над 300 лица.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс