Ѓорѓиевски: Првпат по 20 години, целосна реконструкција на „Христо Татарчев“, краците 1, 7, 9 и 11

Продолжува да се менува ликот на Кисела Вода. Првпат досега се реконструира „Христо Татарчев“, краците 1, 7, 9 и 11.



Се работи за обемен потег на речиси 3.200 квадратни метри површина. Сообраќајници што никогаш досега не биле обновени, а таков зафат бил потребен уште пред децении.

 

„Денес, работиме на целосна реконструкција на краците 1, 7, 9 и 11 од улицата Христо Татарчев од приближно 3.200 квадратни метри, кои имаат видни оштетувања и не биле санирани повеќе од 20 години. Некои од овие улици, како што слушнав од разговорот со жителите, се правени со самопридонес и освен мали интервенции, никогаш досега не се целосно обновени. Тоа од сега е само минато.

 

Како што му дадов збор на чичко Раде, на неговите соседи, на сите што живеат тука дека нема да има неасфалтирана улица во Кисела Вода, така продолжуваме кон нашата цел. За кратко време од сега тука ќе има комплетно нови улици, кои ќе им го олеснат секојдневието на мојот народ. Продолжуваме понатаму. Ќе интервенираме на сите улици и со посветена работа ќе овозможиме современи услови за живеење“, рече градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, при денешниот увид во градежните активности за реконструкција на краците 1, 7, 9 и 11 на „Христо Татарчев“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.