Општина Кисела Вода спроведува акција за уредување на зеленилото

Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатата трева на јавните површини. Во акцијата се вклучени сите сезонски работници, кои со тримери темелно ја уредуваат зелената површина низ целата територија на општината.

 

Од Општината информираат дека денес се работи на трим патеката, која поради убавото време интензивно се користи од граѓаните за рекреација и прошетки, како и на поголемите паркови и детски игралишта. Паралелно со косењето, со специјално возило се пере трим патеката, со цел одржување на хигиената и поголем комодитет.

 

Од Општината најавија дека акцијата продолжува и во наредните денови, при што ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници. Станува збор за редовна активност која се интензивира секогаш кога временските услови предизвикуваат побрз раст на вегетацијата.

 

„Зелените и чисти површини не се само естетски елемент, туку и суштински дел од здравата и квалитетна животна средина. Затоа, вложуваме максимални напори за редовно и темелно одржување на парковите, детските игралишта и патеките за рекреација, како и на сите останати јавни простори. Ваквите големи акции, со вклучен ангажман од голем број на сезонски работници, ќе продолжат и во периодот кој е пред нас“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.