Потстаница комплетно го менува својот лик станувајќи вистинска урбана населба, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во Драчево.
 
Почна реконструкцијата на улиците Гутенбергова, Волтерова, Марија Кири и Ѓорѓи Војтех во населбата Драчево, извести Општина Кисела Вода.
 
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети ООУ „Партенија Зографски”. Во овој училишен објект денес започна реконструкција на повеќенаменското и кошаркарското игралиште со што учениците ќе добијат подобри и посовремени услови за спортување и рекреација. Летниот период се искористи и за реновирање на три училници кои претходно беа во катастрофална состојба, а се изработува и проект за огромен паркинг простор кој ќе ги задоволи потребите на жителите од овој дел на општината, известува општина Кисела Вода.
 
Проширената градинка „Кокиче“ е подготвена за прием на нови дечиња, соопштија од Општина Кисела Вода.
 
Четири јавни повици за субвенции објави денеска Општина Кисела Вода кои на жителите од овој дел на градот ќе им обезбедат финансиска подршка за набавка на печки за пелети, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација  на постоечки лифтови  во станбени згради на подрачјето на општината.
 
Хрватската ѕвезда Петар Грашо ќе пее во рамките на Културното лето и одбележувањето на роденденот на Општина Кисела. Културно-забавните случувања почнуваат во четврток на 22 јуни и ќе траат до 29 јуни, кога ќе настапат низа македонски изведувачи, уметници и за хрватскиот пејач.
 
Сите основци од училиштата од општина Кисела Вода новата учебна година ќе ја започнат со бесплатни нови униформи, соопшти Општина Кисела Вода.
 
Децата од социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување. Денес е распишан огласот и се објавени критериумите кои на ученици од семејства приматели на социјална или било каква друга помош, еднородителски семејства, семејства чии примања не надминуваат 35 000 денари месечно, семејства со еден вработен, примател на минимална плата, ќе им овозможат овој август да поминат неколку дена со своите врсници во некое од летувалиштата на Охридското Езеро., соопштија од Општната.
 

„Генералка викенд“ во општина Кисела Вода

Од утрово активно се чисти во целата општина Кисела Вода.
 
Со голема свеченост проследена со огномет и бројна публика, синоќа грaдоначалникот Орце Ѓорѓиевски го пушти во употреба новиот спортско рекреативен комплекс “Теодор Стојановски-Тоше”. Лоциран на некогашното култно место “Оксиген” кое поради негрижа во последните декади беше претворенo во депонија, од вчера беше предаден на користење на жителите во ново руво.
 
Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала Расадник.
 

Без вода делови на Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Христо Татарчев бр.25 во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од трета зона Припор. ( општина Кисела Вода )
 
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес, на прес конференција го промовираше проектот за дигитализација, насловен “Со дигитализација до ефикасна администрација”. Преку неговата имплементација, Кисела Вода е првата општина во Македонија и на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат.
 
Општина Кисела Вода во континуитет ангажира лица преку приватни агенции за вработување, се констатира во ревизорскиот извештај, со препорака дека тоа може да се прави само во случаи кога треба замена за привремено отсутен работник.
 
Учениците од ООУ “Невена Георгиева Дуња”, од денес наставата по информатика ќе ја следат во помодерни и посовремени услови. Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети ова училиште, каде во функција е ставен новиот кабинет по информатика.
 

Дел од улицата Христо Татарчев без вода за пиење

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека, денеска, поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на „Христо Татарчев“ бр. 47 г, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од раскрсницата „Франк Харкорд Манинг“ до „Христо Татарчев“ – кружен тек, „Христо Татарчев“ – крак 2 и дел од „Димо Хаџи Димов“ од 9 часот до завршување со работата (општина Кисела Вода),
 

Кисела Вода со мерки за сузбивање на булингот

Кисела Вода е првата општина што ќе понуди системско решение за справување со булингот. На денешната одржана седница на локалниот совет за превенција градоначалникот Ѓорѓиевски ја промовира првата од сетот мерки, која од денес им стои на располагање на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски.
 
Продолжува големиот градежен зафат на Општина Кисела Вода за санација на улиците во населбата Драчево. Денес, градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети улицата Малешевска, која, поради својата местоположба, важи за една од најфреквентните улици во овој дел од општината, но и покрај тоа, не е темелно санирана од 80-тите години на минатиот век кога била изградена.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.