Директорот на Царинска управа: Се отвораме кон сите земји во регионот, целта е унапредување на економската соработка и сузбивање на нелегалната трговија

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција. Ова беа темите на кои се дискутираше на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик директорот Гарип Каба со советник за економски и трговски прашања при амбасадата на Република Грција, Дукас Маринополус и секретарот за економски и трговски прашања Василис Гаѕарас.

 

„Партнерствата помагаат да се зајакне соработката, се отвораме кон сите земји во регионот при што нашата интенција е унапредување на комуникациите со Царинските управи во регионот се со цел зголемување на конкурентноста, но и сузбивање на криминалот преку размена на информации и мечирање на податоците“, истакна директорот Николовски.

 

На средбата воедно се разговараше за преземените активности од Царинска управа, за отворање на нов граничен премин Маркова Нога како и за можноста за размена на информации во реално време во рамки на SEED системот од грчка страна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.