Позната е состојбата на повредените во Кочани кои се пренесени во ВМА во Белград

Српските лекарски екипи згрижија повеќе од десет лица кои се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие во текот на вчерашниот ден и вечерта со амбулантни возила и авион на војската на Србија беа пренесени во болниците во Белград, а сместени се во ВМА и во Клиничкиот центар на Србија.

Како што објави Телеграф.рс, сите пациенти примени на ВМА се во шок собата. Пет од нив биле интубирани. Според неофицијални информации, станува збор за пет млади момчиња и една девојка.

Младите мажи се на возраст меѓу 18 до 27 години, а изгорениците зафатиле и до 30 отсто од површината на нивната кожа. Девојката која е префрлена на ВМА има 18 години и има изгореници кои покриваат 24 отсто од нејзината кожа.

59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.