Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку многу клубови работат во државата. Како што рече, сите кои се без лиценци ќе бидаат затворени и ниту еден клуб нема да работи нелегално.

 

„Состојбата е шокантана. Не’ очекува многу работа. Очигледно некој не си ја вршел работата и сега се обидува под политизација да ја покрие криминалната работа. Нема да има милост, од која сака нека е етничка припадност или политичка партија, ако треба за уши ќе ги влечеме од дома“, рече Мицкоски, додвајќи дека ова е масовно убиство што некој го дозволил за пари и криминал.

 

За клубот „Пулс“ каде што се случи пожарот, Мицкоски рече дека низ годините речиси цело време работел без лиценца, а извадил само во 2022 и 2023 година.

 

За кочанскиот градоначалник кој поднесе оставка, Мицкоски тврди дека тој немал никаква одговорност, но постапил правилно со оставката. Мицкоски рече дека како што Владата досега успеала да се избори со уличната мафија, мафијата со казината, мазутот, така и ќе ја порази административната мафија.

 

Тој им се заблагодари на соседите и земјите кои хоспитализираа пациенти. Ги повика и сите кои биле во или околу објектот да побараат медицинска помош, бидејќи може да има ефекти по неколку дена, па состојбата треба да се следи. Се прават надчовечки работи за сите пациенти да бидат стабилни, рече Мицкоски.

 

Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 лица, а 162 се повредени. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил, објавија повеќе медиуми





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.