Фрлени јајца кон куќата на градоначалникот на Кочани: граѓаните бараат одговорност за смртта на невините луѓе

Граѓаните кои протестираа во Кочани неколку часа за смртта на 59 лица во дискотеката „Пулс“ фрлаа јајца кон куќата на градоначалникот Љупчо Папазов.

 

Тој пак преку социјалните мрежи претходно објави дека поднесува неотповиклива оставка и побара надлежните да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани во случајот.

 

Граѓаните пак на денешните протести револтирани бараа одговорност за смртта на невините луѓе а полицијата се обидуваше да ги смири тензиите.

 

Тие пред тоа беа и пред компанијата на сопственикот на дискотеката за да го изразат својот револт





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.