
Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Март 2025

Најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16 март околу 3 часот по полноќ, поради што српската влада го прогласи 18 март за Ден на жалост.
Државните органи и организации, како и другите правни лица кои го истакнуваат знамето, се должни да го спуштат знамето на Република Србија на половина копје, со соодветно осветлување ноќе.
Радиодифузните организации за информирање на јавноста на територијата на Србија се должни во своите програми да емитуваат музика и програми соодветни за Денот на жалост, вклучително и програми наменети за странска публика, наместо хумористични, забавни, фолклорни и други програми со забавна и народна музика.
Музеите, театрите, кината, организациите кои имаат музичко-сценски програми, архивите и другите културни институции се должни да ги приспособат своите програми на Денот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
