
Двајца повредени во пожарот во Македонија пристигнаа на лекување во Загреб
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Март 2025

Две лица од Македонија кои беа повредени во пожарот во „Пулс“ во Кочани рано утринава по 4 часот пристигнаа на лекување во Хрватска. Тие се лекуваат на Клиниката за трауматологија на болничкиот центар „Сестра на милосрдието“ во Загреб.
Заедно со Грција, Бугарија, Србија и Турција, рака на помош им подава и Хрватска на настраданите во големата трагедија во Македонија, каде што 59 лица загинаа во пожар во дискотека, објавуваат хрватските медиуми.
По пристигнувањето на пациентите на Клиниката за трауматологија беше планирано да се дефинира тежината на нивните повреди, степенот на изгореници и повреди на други телесни функции, со оглед на тоа дека преживеале тешка психофизичка траума. Потоа се подготвува план за лекување, пренесува Дневник.хр.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
