
Симнати од респиратор петтемина пациенти испратени на лекување во Анкара, Турција
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Март 2025

Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно. Заменик – министерот за здравство Јовица Андоновски доби информација за нивната состојба додека траеше утринската прес-конференција на која лекарите известуваа за состојбата на пациентите сметени во нашите клиники
„Само што добив информација од Анкара, таму имаме шестмина пациенти, петмина беа интубирани, сега сите се екстубирани, состојбата им се подобрува“, рече заменик – министерот Андоновски.
Министерот за здравство Арбен Таравари вчераутро извести дека меѓу испратените пациенти на лекување во странство се шестемина во Анкара, Турција. Покрај овие шестмина, на лекување во Истанбул, Турција се уште тројца повредени во пожарот во Кочани.
До утрово на лекување во странство Министерството за здравство испрати 76 пациенти, а засега дома се лекуваат 89 повредени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
