
Луизијана го изврши првото погубување со користење азотен га
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 19 Март 2025

Луизијана го изврши првото погубување со употреба на азотен гас во историјата на оваа американска држава на Џеси Хофман Јуниор (46) по 15 години пауза во извршувањето на смртните казни.
Овој метод досега бил користен само четирипати во САД, а Алабама е единствената држава покрај Луизијана која има протокол за овој метод на извршување смртни казни, пренесува „Си-би-ес њуз“.
Хофман одби да даде конечна изјава пред да почне постапката.
Тој беше прогласен за мртов во 18.50 часот во државниот затвор во Луизијана.
Адвокатите на Хофман се обидоа да ја спречат егзекуцијата тврдејќи дека методот е неуставен и го прекршил осмиот амандман, кој забранува сурово и невообичаено казнување.
Тие исто така тврдеа дека ова го прекршило неговото право на слобода на вероисповед, особено во однос на будистичките техники на дишење и медитација пред смртта.
Официјални лица од Луизијана веруваат дека методот е безболен и велат дека е време државата да ја спроведе правдата што им ја вети на семејствата на жртвите по 15-годишна пауза во егзекуциите.
Хофман беше осуден за убиство на Мери (Моли) Елиот во 1996 година, 28-годишна маркетинг-директорка од Њу Орлеанс.
Обвинителката Лиз Мурил рече дека очекува најмалку четири лица да бидат погубени оваа година во Луизијана, пренесува „Танјуг“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
