СДСМ: Со континуитетот на Ванчо Михајлов, Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски со потврдувањето на континуитетот со Ванчо Михајлов ја погази иделогијата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката СДСМ.

„Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на идеи кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх. Мицкоски лицемерно зборува за патриотизам и национални итнереси и осудува отворање на клубови со имиња на контроверзини историски личности, а од друга страна бара да се почитува Ванчо Михајлов како дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението од партијата на власт.

Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов, како што додаваат од оваа партија, изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музејот во Скопје.

Според СДСМ, најголемата поддршка на бугарските клубови во Македонија доаѓа токму од претседателот на најголемата опозициска партија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.