СДСМ: Зошто молчат Мизрахи и пратениците на ДПМНЕ за конитунитетот на Мицкоски со Ванчо Михајлов?
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Ноември 2022
Христијан Мицкоски лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Ванчо Михајлов и побара тоа да се почитува. Значи, според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки поклоник на фашизмот, претставува континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираа македонскиот идентитет,се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека со таквото однесување Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Но зошто на ова молчат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што е одговорот на Рашела Мизрахи кога нејзиниот лидер Мицкоски бара и од неа како континуитет на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, да го почитува соработникот на Третиот Рајх, Ванчо Михајлов, се вели во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс