Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 18 Декември 2024
Инфлацијата во Велика Британија во ноември порасна на највисоко ниво во последните осум месеци.
Потрошувачките цени на годишна основа се зголемија 2,6 отсто минатиот месец наспроти 2,3 отсто пораст во октомври и значително над растот од 1,7 отсто во септември. Тогаш првпат по речиси три и пол години инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од 2 отсто.
Стапката на инфлација во ноември беше највисока од март и е во согласност со очекувањата на економистите од анкетата на „Ројтерс“.
Основата на растот на цените и стапката на инфлација е широк опсег на зголемувања на цените на производите и услугите, од кои најистакнат е транспортот, особено поради трошоците за гориво и цените на автомобилите. Ова само делумно беше неутрализирано со поблагите зголемувања на цените на авионските билети и цената на оброците во рестораните.
„Уште еден последователен месечен пораст на инфлацијата, достигнувајќи го највисокото ниво од март, ги нагласува тековните ценовни притисоци во економијата на Обединетото Кралство“, рече Мартин Сарториус од Конфедерацијата на британската индустрија.
Дополнителен импулс на инфлацијата се очекува од зголемувањето на даноците за работодавците откако ќе стапи во сила во април. Некои економисти предвидуваат дека вкупната инфлација на потрошувачките цени во Велика Британија би можела да достигне 3 проценти во 2025 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс