Индијана ја изврши првата егзекуција по 15 години
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 18 Декември 2024
Маж осуден за убиство на четири лица, меѓу кои и брат му и свршениокот на сестра му, беше погубен во средата во американската сојузна држава Индијана. Тоа е прво погубување во Индијана по 15 години.
Џозеф Коркоран (49) беше прогласен за виновен за пукањето во јули 1997 година, во кое беа убиени неговиот 30-годишен брат Џејмс, свршеникот на сестра му, Роберт Скот Тарнер (32), и уште двајца мажи, 30-годишниот Тимоти Г. Брикер и Даглас А. Стилвел, според „Си-би-ес њуз“.
Адвокатите на Коркоран со години ја оспоруваа неговата смртна казна тврдејќи дека тој страдал од тешка ментална болест, што ја нарушува неговата способност да разбере и да донесува одлуки.
На почетокот на декември адвокатите поднесоа барање до Врховниот суд на Индијана за задржување на наредбата за извршување, но барањето беше одбиено.
Последната егзекуција во Индијана пред оваа беше во 2009 година кога Метју Ринклс беше погубен за убиство на сопругата, нејзиниот брат и снаата во 1994 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс