
(Видео) Мишел Обама не поднесува една навика кај сопругот: „Поради него, секогаш доцниме“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 14 Март 2025

Мишел Обама неодамна го најави својот нов подкаст IMO, кој го води заедно со нејзиниот брат Крег Робинсон. Во новата епизода поранешната прва дама откри дека нејзиниот сопруг Барак Обама има навика која навистина и пречи.
„Тој мораше да се прилагоди на она што за мене значи дека сме на време“, рече таа. Како што вели, кога и да се подготвувале за пат, Барак во последен момент се сеќавал дека треба да оди во тоалет, на пример.
„Му реков: Ако треба да одиме во 3 часот, дотогаш требаше да го направиш сето тоа. Престани да ги бараш очилата ако веќе треба да сме на пат“, додаде таа. Во текот на 30-те години во брак, таа вели дека Барак многу работел на тоа.
Да потсетиме, веќе некое време се шират гласини дека бракот на Обама е во неволја. Сè се засили откако Барак се појави на инаугурацијата на Трамп без неговата сопруга, која беше единствената прва дама која не дојде на инаугурацијата. Неколку дена претходно Барак ги демантираше гласините за развод и и посвети роденденска објава на својата сопруга.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
