
(Фото) Светскиот заводник е ѕвездата на Кан
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 20 Мај 2025

Популарниот шведски актер Александар Скарсгард е една од многуте познати личности што прошетаа на црвениот тепих на 78. Кански филмски фестивал, а неговото модно издание привлече неверојатно внимание.
Навикнати сме жените да привлекуваат внимание во внимателно избрани креации и гламурозни изданија специјално создадени за оваа пригода, сепак, се чини дека можеме да очекуваме модни откритија и од мажите.
Александар носеше високи кожени чизми со костум, вратоврска и бела кошула, а беше стилизиран во духот на неговата улога во филмот Pillion.
И не е ни чудо што собраните фоторепортери се обидоа да го фотографираат од секој можен агол…
Појавувањето на овој актер на црвениот тепих во Кан дојде по 14 години бидејќи последен пат присуствуваше на фестивалот во 2011 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
