
Синот на Ева Лонгорија го привлече вниманието во Кан, викаше: „Престани да ја фотографираш мајка ми“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 20 Мај 2025

Ева Лонгорија моментно е на Канскиот филмски фестивал, каде што отпатува со својот сопруг Хозе Антонио Бастон и нивниот 6-годишен син Сантијаго.
50-годишната актерка позира на спонзорски настан, а малиот Сантијаго се најде во центарот на вниманието. Имено, додека таа позира за фотографите, Сантијаго не беше задоволен што мораше да биде таму, па им се налути на фотографите.
„Сите ја знаат мајка ми. Престани да ја фотографираш“, извика момчето луто, потоа се оддалечи од мајка си и се искачи на скалите. Додека фотографите го извикуваа името на актерката за да се сврти кон нив, Сантијаго извика: „Кој е тоа?“
Покрај тоа, тој покажа колку е незадоволен додека шеташе на улиците на Кан со своите родители во придружба на фотографи.
„Мамо! Во ред, сите престанете“, извика тој додека актерката се обидуваше да го сопре, а потоа ја праша: „Зошто сите го прават ова? Зошто сите те познаваат?“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
