All for Joomla All for Webmasters

Шуто Оризари

До 2-ри јуни трае пријавувањето за хуманитарната трка ,,Трчаме заедно,,

,,Трчаме заедно,,

На 10-ти јуни во Шуто Оризари ќе се одржи хуманитарна трка насловена ,,Трчаме заедно,, во организација на Центарот за социјални иницијативи ,,Надеж,,. Сите заинтересирани за оваа трка може да се пријават најдоцна до 2-ри јуни до 16:00 часот.


Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ ја организира првата хуманитарна трка „Трчаме заедно“ на 10 јуни што ќе се одржи во Шуто Оризари. За прв пат во Шуто Оризари, деца, ученици, студенти, компании, претставници на институции и организации ќе трчаат за да покажат дека физичката активност е важна за детскиот развој. Трката

 

„Трчаме заедно“ вклучува две одделни трки. Првата трка е 2 километарска детска трка на којашто ќе земат учество деца од 8 до 14 години, вклучувајќи ги и децата од Центар за социјални иницијативи „Надеж“. Трката за возрасни е трка на 4 километри којашто е отворена за сите заинтересирани индвидуалци, претставници на компании, институции и организации, средношколци, студенти и волонтери. Оваа трка има хуманитарен карактер и индивидуални донации се добродојдени на посебно означените места на денот на трката.

 

По завршувањето на двете трки во дворот на Центар за социјални иницијативи „Надеж“ во Шуто Оризари ќе се одржи забава со музика, дружба со децата што го посетуваат центарот и учествуво во интерактивните зони со работилници.

 

Пријавувањето за оваа трка ќе биде отворено до 02 јуни до 16:00 часот. Информации и точни инструкции до локацијата ќе бидат доставени во пакетите за регистрирани учесници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.