Шуто Оризари

Апел за донирање прочистувачи за воздух во основните училишта во Општина Шуто Оризари

Од Општина Шуто Оризари апелираат до целата бизнис заедница, медиумите, невладините организации и сите релевантни фактори да се вклучат во донирањето на прочистувачи за воздух за највулнерабилниот дел од заедницата во која што живееме: децата.

 

Во пресрет на новогодишните празници, Општина Шуто Оризари почна со акцијата „Биди фраер и донирај прочистувач”, што ќе трае до крајот на јануари, а крајната цел е обезбедување на прочистувачи на воздух во секоја училница во двете основни училишта на територија на општина Шуто Оризари, „Браќа Рамиз и Хамид” и ,„26 Јули”.

 

Како иницијатор на акцијата, информираат од општината, веќе се обезбедени прочистувачи за детската градинка „8 ми Април”.

 

– Заедно да придонесеме кон унапредување на здравјето на нашите најмили со ублажување на штетите од загадувањето, стои во соопштението од Општина Шуто оризари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.