Шуто Оризари

Светска банка подготвена да го поддржи локалниот економски развој во Шуто Оризари

Светска банка е заинтересирана да го поддржи локалниот економски развој и развојот на социјалното претприемништво во општина Шуто Оризари.

 

Претставниците на Светска банка остварија средба со градоначалникот Курто Дудуш на која потенцирале дека парите се инструмент преку што треба да дојде до израз продуктивноста на граѓаните за започнување бизнис.

 

На средбата, како што соопштува Општина Шуто Оризари,  била дискутирана кредитоспособноста на жените преку модел на здружување што подразбира вмрежување со бизнис инкубатори и континуирана комуникација со млади промотори за стекнување бизнис вештини, фасцилитирање, финансиско описменување и штедење.

 

Можности, менторство и економска реинтеграција им е потребна на Ромите, особено на жените Ромки за отпочнување на бизнис.За стекнување на влијателно економско претпријатие, неопходно е правилно формирање на цената на производот или услугата, изнаоѓање механизми за одржливост на пазарот на трудот, проширување на бизнисот преку посебни вештини и алатки, маркетинг и познавање на основните бизнис концепти, истакна Срџан Амет од Секторот за локален економски развој.

 

Развивање на локален туризам или ,,community based tourism" е исто така една од можностите за унапредување на животниот стандард.

 

Општина Шуто Оризари, првпат оформи одделение за локален економски развој што е важен предуслов за поддршка на нови инвестиции и воспоставување економски односи.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.