Шуто Оризари

Санација и асфалтирање на локални улици во општина Шуто Оризари

 Во општина Шуто Оризари, денеска се одвива санација и асфалтирање на локални улици како дел од веќе најавените проектни активности за улична реконструкција.

 

Од Општината информираат дека вчера завршило крпењето на постојните дупки на потегот на булеварот Македонска Косовка Бригада, а во тек е санација на асфалтот кој бил оштетен како резултат на замрзнатиот колосек во зимскиот период.

 

Најголемиот дел од улиците што беа оштетени за време на зимскиот период ќе бидат санирани за безбедно одвивање на сообраќајот.

 

Потребните средства за крпење и санација на улиците се обезбедени од буџетот на општина Шуто Оризари, наведуваат во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.