Неверојатен тренд во Јапонија, постарите жени намерно завршуваат во затвор за да не се чувствуваат осамено
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 23 Јануари 2025
Не е тајна дека Јапонија има големи проблеми со стареењето и нискиот наталитет. Во Земјата на изгрејсонцето најстарите се најтешко погодени. Изолацијата може да биде толку страшна што Јапонките намерно го прекршуваат законот за да завршат во затвор, пишува Си-ен-ен.
Степенот на осаменост најдобро се илустрира со фактот дека 20 % од затворениците во најголемиот јапонски женски затвор се жени. Постарите жени едноставно претпочитаат топол оброк, грижа и друштво наместо изолацијата и осаменоста што владее во нивните домови.
Затворот сè повеќе се приспоосбува на потребите на постарата популација, вклучително и помош при капење, хранење и медицинска нега.
„Некои жени дури сакаа да плаќаат меѓу 20.000 и 30.000 јени (122 и 184 евра) месечно за да може да останат во затвор до крајот на животот“, откри чуварот Такајоши Ширанага за Си-ен-ен.
„Има луѓе што доаѓаат овде затоа што е студено или затоа што се гладни“, додаде Ширанага.
Затворот се наоѓа северно од Токио и на медиумите ретко им се дозволува да влезат внатре.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс