По повеќе од четири децении, Италија се враќа на производството на нуклеарна енергија

Италија сака да ги финализира плановите и законите до крајот на 2027 година кои ќе овозможат враќање на производството на нуклеарна енергија по повеќе од четири децении, изјави италијанскиот министер за енергетска безбедност и животна средина, Жилберто Пикето Фратин, во интервју објавено денеска за бизнис магазинот Il Sole 24 Оре.

 

Италија ги запре нуклеарните реактори врз основа на референдумот одржан во 1987 година по катастрофата во Чернобил една година претходно.

 

Во 2011 година, граѓаните на оваа земја ја потврдија оваа одлука на уште еден референдум, но актуелната италијанска влада предводена од Џорџа Мелони минатата година најави дека планира да донесе закон за враќање на нуклеарната енергија, која овојпат ќе се произведува од мали модуларни реактори. Се верува дека овие реактори се единствени и поевтини за изградба и инсталирање.

 

Поради нивната помала големина, можно е да се инсталираат SMR на локации кои не се погодни за поголем реактор. Тие се исто така значително поевтини и побрзи за изградба од конвенционалните реактори и можат постепено да се градат за да се задоволат растечката побарувачка на енергија на локацијата.

 

„Италија е подготвена да се врати на нуклеарната енергија, која е клучен избор и нема да ги замени обновливите извори на енергија, туку да ги надополни“, рече Пикето. Според него, враќањето на нуклеарната енергија е потег што Италија повеќе не може да го одложи, пишува порталот Оилпрајс.

 

Минатата година Пикето рече дека Италија преговара со неколку компании, вклучувајќи ја американската Вестингхаус и француската ЕДФ, за соработка во областа на нуклеарната енергија. Обемот на инвестиции во нуклеарната енергија бара соработка со неколку меѓународни играчи“, изјави Пикето на новинарите, пренесува Танјуг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.