Марин Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп во однос на депортациите

Лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, денеска изјави дека Франција треба да примени цврст пристап кон земјите што одбиваат да примат депортирани наведувајќи го како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации.

 

Ле Пен посочи дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир, како што направи Трамп кон Колумбија, пренесе „Ројтерс“.

 

Во интервју за француската телевизија таа рече дека Франција треба да биде поагресивна кон поранешните колонии, како што е Алжир, користејќи ја тактиката на Трамп за примена на санкции и царини за да ги принуди да прифатат депортации.

 

Според неа, доколку Алжир не се согласи да соработува, Франција треба да го блокира трансферот на пари и да ги суспендира визите за Алжирците и нивните политички лидери.

 

Ле Пен нагласи дека Трамп успешно ги спроведе овие мерки во првите денови на власт и го критикува францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретахо за недоволно дејствување во однос на имиграцијата.

 

Според неа, Ретајо би требало да биде поодлучен во решавањето на ова прашање, пренесува „Танјуг“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.