Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани

Набргу откако официјални лица во Вашингтон се обратија пред печатот, Лили Ву, градоначалничката на Вичита, градот Канзас каде авионот на „Американ Ерлајнс“ кој се судри со воен хеликоптер „Блек Хок“ полета над Вашингтон, одржа прес-конференција.

 

Таа рече дека во градот владее голема тага и дека деталите за трагедијата се уште доаѓаат.

 

Им се заблагодари на итните служби кои работеа цела ноќ. Таа со солзи во очите потврди дека и било кажано дека нема преживеани.

 

„Ова е ужасна трагедија која ќе го обедини градот“, рече Ву, додавајќи дека „семејствата на жртвите ќе бидат известени пред да се објават идентитетите на жртвите“.

 

Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување и спасување откако патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Досега се пронајдени телата на над лица од авионот и едно лице од хеликоптерот.

 

Авион на „Американ ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а авионот при падот се распаднал на два дела. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе, пренесуваат светските агенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.