Норвешкиот премиер: Треба значително да ја зголемиме помошта за Украина

Норвешка треба значително да ја зголеми финансиската помош за Украина, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во норвешкиот парламент.

 

Норвешкиот парламент минатата година одобри трошење од 35 милијарди норвешки круни, или 3,22 милијарди долари, за воена и цивилна помош за Украина во 2025 година.

 

„Би сакал да им предложам на другите партии во парламентот да се сретнеме попладнево за да разговараме и договориме за значително зголемување на финансирањето на програмата ‘Нансен’ за Украина оваа година“, рече Стоере.

 

Тој додаде дека владата исто така планира да ги зголеми средствата за норвешката војска.

 

Програмата „Нансен“ е норвешка билатерална програма за помош за Украина, именувана по лауреатот на Нобеловата награда за мир, Фридтјоф Нансен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.