Бројот на жртви во Албанија се искачи на 50, спасувачката акција заврши

Потрагата  и спасувачката акција по преживеани по земјотресот што во вторникот ја погоди Албанија официјално е завршена. Се верува дека под урнатините нема повеќе луѓе.

 

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала загинаа 50 луѓе, а околу 2.000 се повредени.

 

Тој соопшти дека според првичните проценки околу 900 згради во Драч и над 1.400 во Тирана се сериозно оштетени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.