„Ми велеа дека е невозможно да се поместат работите кои ја влечат општина Бутел надоле во уште подлабоки проблеми. Но, оваа година што измина покажавме дека има надеж и дека чесно и одговорно со многу труд и работа можат да се случат промените“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Бутел го менува својот изглед. Бутел го менува својот изглед на подобро, се гради, се реализира. И покрај тоа што имаме исклучително голем притисок и кратење од страна на Владата во општините каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, сепак оние средства со кои што располагаат, кои што се минимални, храбро, чесно и одговорно, и посветено работење, можат да бидат доволни за да бидат реализирани проектите кои што беа ветувани во минатогодишната кампања за локални избори“ рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
 
Барам Спасовски итно, брзо и одлучно да ги реши случаите со нападите врз деца од Радишани и Бутел на територија на Чаир во автобус со број 57, пишува градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
 

Без струја дел од општина Бутел

„ЕВН Македонија“ известува дека поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
 

Без вода дел од корисниците на Радишани

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, ги известува граѓаните дека денеска,
 
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при рутинска проверка на атмосферската канализација на улицата Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, открија вандалски чин кој е на голема штета на претпријатието, но и на самите граѓани, како и опасност по нивната
безбедност.
 

Без вода дел од корисниците од село Љубанци

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради монтирање на водомери од ф – 100 мм во резервоарите во село Љубанци во општина Бутел, во периодот од 9:30 часот па сè до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од село Љубанци.
 

Без вода дел од корисниците на Општина Бутел

ЈП Водовод и канализација, известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф150 мм на ул.1151 бр.18 (Качанички Пат), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1150 и ул.1151 (Качанички Пат) од 09:00 часот до завршување со активноста.
 
Советот на Општина Бутел едногласно со акламација донесе одлука за формирање ново јавно претпријатие за стопанисување, поставување и оддржување на јавното осветлување “Бутел 2022” со скратен назив ЈП “Бутел 2022”, информираат од Општина Бутел.
 

Се исчисти депонијата покрај Серава во Бутел 1

Депонијата која извесен временски период се создаваше покрај коритото на реката Серава во Бутел 1 веќе е исчистена, информираат од Општина Бутел.
 
Денеска во Општина Бутел, веднаш до црквата „Св. Јован Крстител” започна да се гради нов парк на 800 м2. Местото кое до сега беше синоним за запуштеност ќе добие нов лик, објави градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
 
Општина Бутел во соработка со ЈП Лајка деновиве спроведе акција за решавање на проблемот со уличните кучиња на неколку локации во општината.
 
Град Скопје заедно со Општина Бутел ќе ја реконструра улица “Бутелска” на потегот од вкрстувањето со улицата “Александар Урдаревски” до обиколницата.
 

Прочка традиционално се прослави во Љубанци

Продолжува традицијата за оддржување на карневалот во населеното место Љубанци во Општина Бутел. По повод големиот христијански празник и оваа година под маски се прослави Прочка.
 

Нова водоводна мрежа во населеното место Кучевишка Бара

На краците 2, 4, 6 и 8 од улицата Призренска во населеното место Кучевишка Бара во Општина Бутел денеска започна проектот за замена и поставување нова водоводна мрежа, информираат од општината.
 

Костовски: Најавувам градежна офанзива во Општина Бутел

"Следува сериозна градежна офанзива во Општина Бутел, многу нови асфалтирани улици, нова градинка, ново училиште, изградба на коритото и нови патеки кај Серава, нови паркови, нови атмосферски и канализациони мрежи, реконструкција и нови спортски и детски игралишта, сериозни инвестиции во образованието и градинките.", објави денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
 
Денеска Општина Бутел беше домаќин на основниците од “ООУ Климент Охридски”, информираат од општината.
 

Продолжува викенд - чистењето на населените места во Бутел

И овој викенд, како и до сега, екипите на Општина Бутел го поминуваат работно. Вчера се уредуваше зеленилото, се чистеа улиците,  како и детското игралиште во населбата Љуботенски Пат.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.