Се решава проблемот со фекалната и водоводна мрежа во новата населба Хиподром 2

Во новата населба Хиподром 2 во која се изградени голем број куќи, започна решавањето на проблемот со фекалната и водоводната мрежа.

 

Како што информираат од Општина Гази Баба, градоначалникот на средба со граѓаните од новата населба која ја одржа минатата недела им ветил дека во најбрз можен рок ќе се реши проблемот со фекалната и водоводната мрежа.

 

Викендов екипи од општината работеа на терен со цел решавање на овој проблем од минатото, односно проблем со судирање на веќе изведената водоводна и фекална мрежа. Од општината велат дека овој проблем веќе е решен и овие две мрежи сега се одвоени, се работеше и на поврзување на фекалната мрежа, а останува уште да се изврши спојување со главниот колектор. Паралелно се работи и на косата линија од водоводната мрежа во новата населба Хиподром 2.

 

Од општината велат дека како ќе се завршува изградбата на водоводната и канализационата мрежа ќе се пристапува кон асфалтирање и на останатите улици во оваа нова населба.

 

Главната цел на локалната самоуправа е да се овозможат сите предуслови за нормален живот на идните жители од населбата Хиподром 2, како и на оние кои веќе живеат тука. Урбанистичката документација за овој дел од Скопје предвидува изградба на 300 нови куќи за индивидуално домување и 12 станбени згради за колективно домување, а досега се изградени 2 згради.

 

Во населбата е предвидено да се изгради и основно училиште, градинка, амбуланта и спортски објекти.

 

Во новата населба првите договори со купувачите на парцелите беа склучени уште во 2012 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.