Наутро облачно, во текот на денот дожд, на повисоките места врнежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Слаби врнежи ќе има и во среда, а во четврток и петок ќе има појава на магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.