Распишани меѓународните потерници по Груби и Бајрами
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Декември 2024
Министерството за внатрешни работи ги распиша меѓународните потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами.
Претходно Основното јавно обвинителство издаде наредба до МВР да распише потерница, откако Основниот кривичен суд Скопје одлучи да им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Груби и Бајрами се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија и ја напуштија земјата пред да почне истрагата против нив.
Груби самиот напиша на Фејсбук дека не е во бегство и се наоѓа во приватна посета во Косово, а веднаш штом заврши со обврските, ќе се врати кај своето семејство.
Ден потоа кога полицијата вршеше претрес на две негови локации, не го пронајде дома.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го повика поранешниот вицепремиер да се врати во земјата и да им овозможи на институциите соодветно да ја спроведат постапката.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс