Уапсен 17-годишник од Виница, шверцувал мигранти од Непал
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Декември 2024
Вчера вечер, во 23.10 часот на локалниот пат кон село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17-годишник од Виница.
При преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал.
Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс