
Хелсиншки се става на располагање за семејствата на настраданите од пожарот и очекува соодветна одговорност за сторителите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани.
Истовремено, информира дека целосно се става на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош.
„За таа цел можат да ни се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073.
Во периодот што следува Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи истрагата и постапувањето на надлежните институции. Од тие причини очекуваме транспарентност и информирање за преземените дејствија и утврдената фактичка состојба.
Очекуваме за утврдените незаконитости да следува соодветна одговорност за сторителите.
Апелираме политичките партии да се воздржат од меѓусебни обвинувања и да се стават во функција на јавниот интерес.
Сега е време да се покаже одговорност и солидарност“, велат од Хелсиншкиот комитет
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
