
Таравари и Муцунски во Солун, во посета на повредените пациенти од пожарот во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Март 2025

Министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и за здравство Арбен Таравари од Скопје пред кратко време пристигнаа во болницата „Папаниколау“ во Солун за да се информираат за состојбата и здравјето на пациентите кои се здобија со сериозни изгореници по големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На влезот двајцата владини функционери ги прими заменик министерот за надворешни работи Тасос Хацивасилеиу а потоа влегоа во болницата за да се информираат за состојбата на тројцата пациенти со изгореници, две девојки и едно момче на возраст од 19, 25 и 26 години.
Во воената болница 424 во Солун со тешки телесни повреди се хоспитализирани уште две млади лица, која подоцна ќе ја посетат за да се информираат за нивната здравствена состојба.
Според информациите на грчките медиуми, состојбата на петте нови лица кои се хоспитализирани на одделот за интензивна нега е стабилна, но критична, бидејќи сите, освен здобиените повреди, вдишале големи количества чад. Тамошните медиуми потсетуваат дека уште три повредени лица од Скопје со лет се пренесени во воената болница 401 во Атина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
